Изложба на фотографии на студентите кои беа дел од „Патуваме во Европа“

Дванаесет нови студенти учествуваа во проектот „Патуваме во Европа“ со кој добија уникатна можност да ја истражуваат Европа и да ја промовираат својата земја.

Ова патување е проект кој организацијата МОСТ го реализира од 2007 година во соработка со Роберт Бош Фондацијата од Германија.

Откако студентите се вратија, традиционално организираат изложба на која ќе ги раскажат своите доживувања преку фотографии и краток филм. Изложбата ќе се одржи во недела (8 октомври), со почеток од 20 часот во „Винил“.

„Патуваме во Европа” е регионален проект, кој освен во Македонија се реализира и во останатите земји од Западен Балкан, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, како и Косово.

Ова е десетта, јубилејна, година на проектот, при што биле вклучени повеќе од 200 студенти од Македонија.