Нападот на фестивалот на кантри музика во Лас Вегас во кој починаа најмалку 58 лица е најсмртоносното масовно стрелање во современата историја на Соединетите Американски Држави. Но, само во изминатата недела имало шест други масовни стрелања во Америка.
Ниту една друга развиена нација не е близу до вооруженото насилство на Америка. Американците поседуваат приближно 265 милиони пиштоли, што е повеќе од една пушка по возрасно лице.
Податоците собрани од организацијата Gun Violence Archive откриваат шокатен данок во човечки животи: има масовно стрелање (кое се дефинира како четири или повеќе лица убиени во еден инцидент, без да се земе предвид стрелачот), на секои девет до 10 денови во просек.
Во фотографиите подолу графички се прикажани инцидентите од Лас Вегас, до 1 април 2017 година. Инфографиците кои го покажуваат бројот на жртви од 1 јануари 2013 година може да се најдат на следниот линк.