Над 50 луѓе загинале, додека најмалку 200 се повредени, откако било пукано врз присутни на концерт во Лас Вегас, соопштија локалните полициски власти.
Напаѓачот пукал од 32-от кат на хотелот Менделеј Беј кон публиката на музички фестивал на отворено, кој се одржувал во близина.
Полицијата вели дека осомничениот напаѓач е убиен. Според нив се работи за 64-годишниот Стивен Падок, кој бил локален жител. Мотивите за нападот се уште не се познати.
Видеото на Гардијан во продолжение, направено од очевидци на пукањето, содржи вознемирувачки сцени:
Тие велат дека во моментов трагаат по негова придружника, која патувала заедно со осомничениот.
Според видеата објавени на социјалните мрежи, стотици луѓе бегаат панично од местото на нападот, додека во позадина можат да се слушнат долги рафали од автоматско оружје. Има информации и за други инциденти во околината на Лас Вегас, но, полицијата верува дека убиениот осомничен делувал сам.
На фестивалот присуствувале околу 40 илјади луѓе.
Џејсон Алдин, кантри музичката ѕвезда, кој настапувал за време на пукањето, ја опишал сцената како „повеќе од ужасна“.
Болнички портпарол изјавил дека 14 од повредените биле во критична состојба.
Очевидците сведочат дека биле испукани стотици куршуми.
Дел од главниот булевар Лас Вегас бил затворен од полицијата, додека луѓе се засолнуваат во хотели, ресторани и во локалниот аеродром „МекКаран“.