Радио МОФ доби „Зелен глобус“ за најистакнат онлајн медиум – поборник за чист воздух

Неформалната организација „Скопје смог аларм“ синоќа додели симболични награди на истакнати активисти, доктори, новинари, истражувачи и поддржувачи од областа на екологијата, пред сè од областа на аерозагадувањето. Радио МОФ доби награда за „најистакнат онлајн медиум – поборник за чист воздух“.

За прв пат во Македонија се одржа настанот „Зелен Глобус“, за кој организаторите се надеваат дека ќе прерасне во традиција.

Во прилог се наградените граѓани и организации:

  • Најдобра мобилна апликација – „Мој Воздух“ на Горјан Јовановски
  • Најдобра еко фотографија – „Фото со дрон на Скопје обвиено во смог“ на Донче Илијоски
  • Најдобра кампања на социјалните мрежи – #ДенНаВоздухот од ТВ шоуто „Еден на Еден“ со Жаре Димитриоски
  • Истакнат професор – поборник за чист воздух – Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институт за јавно здравје
  • Истакнат новинар – поборник за чист воздух – Огнен Јанески од ТВ 24 Вести со емисијата „Очи во Очи“
  • Истакнати активисти за велосипедско Скопје – „НаТочак“
  • Истакнат онлајн медиум – поборник за чист воздух – „Радио МОФ“
  • Истакнат магазин – поборник за екологија  – „Лице в Лице“
  • Најдобар документарец – „Загадување: Скопје го стигна Пекинг“ во режија на Горан Лефков и продукција на Центар за истражувачко новинарство „SCOOP – Macedonia“
  • Најдобра еко герила акција – „Џиновско гнездо во центарот на Скопје“ на Урбани уметнички акции

Радио МОФ и понатаму останува во служба на граѓаните. За сите теми поврзани со животната средина може да ни пишувате на info@radiomof.mk или на социјалните мрежи со хаштагот #ПријавиПроблем.  Нашиот новинарски тим соодветно ќе ги разгледува пристигнатите мејлови и постови, а потоа истражува и објавува на Радио МОФ доколку се работи за реални проблеми.

Ако замижите за проблем, тој нема магично да се реши сам од себе. Ако пријавите проблем, со вашата одговорност ќе помогнете за развој на средината. Истовремено, ќе ги мотивирате и сите идни општински служби и градоначалници да си ја вршат работата.