Австриската фотографка Инге Прадер создаде преработки на селекција на иконични слики од нејзиниот сонародник Густав Климт, со модели.
Климт е претежно поврзуван со Арт Нуво стилот, храбра и детална естетика која потекнува од почетокот на 20-тиот век. Естетиката ги има инспирирано уметниците и архитектите, како Гауди од Барселона, да создадат богати дела кои го претставуваат оптимизмот на таа ера.
Живописните преработки на Прадер се основани на златната фаза на Климт, од 1899-1910 година. Ова е евидентно во златните тонови и еротските сцени – моделите се често голи, преплетени и опколени со златни орнаменти кои ја истакнуваат топлата декадентност на оригиналните слики.
Серијалот фотографии е направен за Life Ball, годишен настан во Виена кој собира средства за помош на заболени од ХИВ/СИДА.




 
 








 
						 
								 
               
				![[Галерија] Познатите дела на Климт како фотографии](https://www.radiomof.mk/wp-content/uploads/2017/09/gustav-klimt-famous-paintings-real-life-models-photographer-inge-prader-11-59b0f474705d5__700-700x336.jpg)