Високо на Хималаите, последниот матријархат на племето Мосуо се бори да ги одржи древните традиции.
Во сенката на Хималајските планини, на работ на боатото и широко езеро Луга, живее племето Мосуо. Нивната комплексна социолошка структура се смета за едно од последните полу-матријархални општества во светот, кои почитуваат традиција на наследно владеење по мајчина страна и „движечки брак“. Жените можат да ги избираат и менуваат партнерите како што сакаат, а тоа им го овозможува верувањето дека за маж да преживее му треба жена.
Но, ова древно племе со изненадувачки „модерни“ вредности е многу популарно. Туристи ги посетуваат во огромни броеви, антрополозите ги испитуваат, а кинеската влада ги гледа како нешто помалку од профитабилно задоволство.
Сред оваа бура од различни интереси се самите жени. Крупни и физички силни, нивната тивка, достоинствена моќ е нивниот оклоп кој ги штити од културна ерозија, која е сè посилна после Комунистичката Револуција.
Како и со многу домородни заедници во светот, можноста да се заработува од туризам дошла со своја цена. Преку отворање на својата култура за посетителите, културата полека им пропаѓа.
„Ова е конфликт за многу семејства“, вели фотографката Каролин Клупел, која поминала време документирајќи ги Мосуо, за National Geographic. „Животот е полесен кога имате придобивки од туризмот, но е и потажен кога доаѓаат промените“.
Матријарсите кои Клупел ги запознала таму се „често многу смешни и многу активни“, за разлика од германската култура на која е навикната. „Видов 80-годишни жени кои носат тешки нешта кои јас самата не можам да ги носам“, вели таа. „Нивните тела се навистина моќни. Сфатив дека физичката сила навистина зависи од тоа што правиш со своето тело – овие жени имаат повеќе сила од мажите!“.
Иако женската доминација во работниот простор е реткост насекаде во светот, системот на флексибилни бракови на Мосуо е најуникатното и „најегзотичното“ нешто од нивната култура. Прогресивно феминистичка или селективно мизандрична, зависи како се гледа на неа, оваа традиција диктира дека партнерите на жените од племето Мосуо смеат да ги посетуваат само ноќе, и немаат никаков удел во воспитувањето на децата. Тие остануваат со семејствата на својата мајка цел живот, а мајката е глава на домаќинството.
Клупел поминала три месеци со племето Мосуо и посетила повеќе од 250 домови. Се навикнала на нивната дневна рутина и начинот на кој се негувала взаемната почит меѓу жените.