Македонија освои две награди на регионалниот натпревар за зелени бизниси

Две македoнски зелени бизнис идеи освоија награди на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ кој оваа година се одржа кон крајот на јули во Колашин, Црна Гора. На форумот кој се одржува шеста година по ред, се натпреваруваа вкупно 18 зелени бизнис идеи од 6 балкански држави: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора , Србија, и БиХ од годинава.

Покрај македонските победнички идеи „Храна за сите“ и „Еко Илузии“, наградени се и црногорската идеја „Камп под Острог“ и косовската идеја „ Академска платформа“. Сите четири идеи ќе добијат финансиска поддршка од 10 000 долари. „АРНО трета година по ред го организира натпреварот во Македонија.

„Пресреќни сме кога гледаме резултати од вложената енергија, оваа гпдина дома си дојдовме дури и со 2 награди. Ете, Кристијан го „маѓепса“ медународното жири со својата идеја за забава и еко-едукација преку илузионизам, додека Јане ги убеди експертите дека младите и новите технологии имаат одговори за предизвиците и проблемите кои ги имаме окпоу нас. Наградите ќе значат мнпгу не само за носителите на идеите, туку и за општеството бидејќи во нив покрај еколошката и бизнис компонента, има и филантропија и корист за заедниците. “ изјави Ирина Јаневска, претседател на „АРНО“.

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални одржливи бизнис идеи. Терминпт „зелени идеи“ означува идеи кои придонесуваат кон животната средина, кои користат ресурси од локалната заедница и кои придонесуваат кон одржлив развој , кон интеграција на локалните, економските, специјалните и еколошките потреби и приоритети на заедниците.

„Веќе 14 години настапувам како илузионист и цело време трагав по одговор на прашањето која е смислата на мојата работа, а воедно и на животот. Овој натпревар ми помогна да дојдам до одговор. Добивањето на наградата од страна на Фондацијата на браќата Рокфелер за мене претставува доказ дека кога имаш искрени намери, креативна идеја, решителност, истрајност, луѓето ќе ти дадат можност да ги оствариш замислите. Тоа што следи е напорна работа да се креираат претстави каде што преку едукативни трикови ќе се пренесат еколошки пораки на публиката која ќе се учи како да редуцира, реупотребува и рециклира отпад. Исто така, ќе следат и голем број хуманитарни настапи кои ќе развеселат многу лица за кои насмевката е неопходна“, изјави Кристиан Шопов, кој е еден од регионалните победници со својот проект „Еко илузии“.

[Видео] Зелени бизниси: Кристијан Шопов: Преку мојата магија ќе испраќам еколошка порака

„Храна за сите“, пак, е платформа која ќе овозможува да се информираат граѓаните и да купуваат приготвена храна којашто угостителските објекти сметаат дека нема да ја продадат во текот на денот. (за цени пониски и до 80% од регуларните).

„Преку нашата платформа храната ќе биде далеку подостапна за секој, а во исто време ќе имаме намалување на отпадоците од храна и раст на продуктивноста кај угостителските објекти“, изјави Јане Заевски, исто регионален победник на натпреварот.

Зелени бизниси: „Храна за сите“ – наместо да се фрли, ќе се продава поевтино до 80 отсто

На регионалниот натпревар успешно се претстави и македонскaта зеленa идеja на Наталија Бургиева за продажба на супстрати за органско производство. Наталија Бургиева, „Мама Органа“ изјави :

„Стекнавме огромно искуство, разменивме одлични идеи за подигање на свесноста за природата, запознавме прекрасни луѓе со кои и понатаму ќе соработуваме и искуства ќе разменуваме, веќе дури и добивме понуда за соработка со слична идеја од Косово.Иако, не освоивме парична наградата на натпреварот, идејата не помина незабележана. Визијата на „Мамаоргана“ доби поддршка, веќе почнува да се реализира и од октомври планираме да започнеме со официјална продажба на нашиот производ „Супстрат за цвеќе, растенија и плодови“.

Зелени бизниси: МаМа Органа – Наместо генетски, да создадеме мајчински модифирана околина

„Филантропија преку зелени идеи“ е годишен конкурс кој поддржува развој на мали, локални и одржливи бизнис идеи во Западен Балкан и се одржува од 2012-та година. Секоја година по тројца претставници од секоја од земјите се натпреваруваат на регионален натпревар.

Македонија својот прв победник на регионалниот натпревар го доби во 2015 :Прва кооператива на потрошувачи на органска храна „Наша добра земја“, додека во 2016-та победи македонската зелена бизнис идеја „СПИН“ на архитектката Марта Мојсова.

Тројцата победници во Македонија  добиваат  и национална награда -вредносен ваучер за консултантски услуги, доделен од сертифицираната Асоцијација за менаџмент и консалтинг „МКА2000“ која е овогодинешниот спонзор на натпреварот во Македонија.