Околу петстотини Французи кои патуваат низ Европа како дел од турата „Europ’raid“, ќе поминат и низ Македонија. Тие ќе направат пауза во Македонска Каменица, каде ќе одржат дефиле на автомобили од моделот „Пежо 205“.
Младите авантуристи треба да пристигнат во попладневните часови и прва станица ќе им биде основното училиште „Св.Кирил и Методиј“. Тие ќе донираат школски прибор за учениците во основното училиште.
По престојот во Македонија, Французите ќе заминат во соседна Бугарија.
Настанот е логистички поддржан од Општина Македонска Каменица.
Извор: kamenica.mk