Handsome Her, кафуле во Мелбурн, Австралија, се опишува себе како „простор од жените, за жените“, а деновиве предизвика големо внимание поради своите „правила на куќата“ напишани на табла.
Правилата се создадени на таков начин, за да го акцентираат родовиот јаз при плаќање на мажите и жените кои работат на истата работна позиција.
„Мажите ќе треба да платат 18 проценти плус од вкупната цена, кои потоа ќе се донираат на жени работнички“, пишува на таблата.
Меѓу другите правила се и предност при седење за жените, како и обострана почит.
Бројката се базира на извештај од 2016 година на Агенцијата на еднаквост во работниот простор на Австралија, според која вкупните плати на жените во државата во просек, се за 17,7 проценти помали од на маѓите.
Would LOVE everyones thoughts on this. My friends cafe in #Brunswick, Handsom Her – is for women by women AND an has a 18% gender tax! pic.twitter.com/tVSX3PO4q8
— Paige Cardona (@paigecardona) August 3, 2017
Секако, кафулето добива различни критики на социјалните медиуми. Додека некои сметаат дека ваквиот протест е добредојден, други сметаат дека дискриминира и дели.
Но, сопственичката на кафулето, Алекс О’Брајан вели дека дополнителното наплаќање на пари не е задолжително, туку доброволно.
„Мажите се прашуваат дали сакаат да ја платат дополнителната сума пред да ја добијат сметката“, вели таа. „Сепак, парите се користат за хуманитарни организации кои им помагаат на жените“.
Сепак, кафулето имало „хаотични неколку денови“.
И покрај критиките, мажи доаѓаат и од други градови за да го платат „машкиот данок“, а кафулето „врие“ од муштерии постојано.
„Во трите дена откако го отворивме кафулето, издржавме бура на социјалните медиуми и одржавме забавна квиз-вечер за женска организација“, пишуваат.
„А, успеавме и да ја натераме Австралија за одамна заборавениот родов јаз во платите“.