Депонијата во Струга повторно гори, реагираат граѓаните на социјалните мрежи. Дел од нив го активираа и хаштагот #SaveStruga со кој бараат од институциите конечно да најдат решение за горливиот проблем.
Во Струга два вечери не е возможно да се спие. #saveStruga
— малиот кнез мишкин (@JakovFendu) July 27, 2017
Во име на сите граѓани барам помош. Ја сакаме струга чиста и здрава за дишење. Ве молам за рт. #saveStruga
— Тетка Биберче (@biberceee) July 27, 2017
Аушвиц 1943
Струга 2017#saveStruga— еристичарот (@Eristicarot) July 27, 2017
И покрај тоа што стружани изминатите месеци организираа неколку протести поради горењето на депонијата, состојбата летово останува непроменета. Депонијата беше создадена пред десет години, на неполн километар од градот Струга и најавена како „привремено“ решение за да порасне во „чудовиште“ од 750 метри должина, 250 метри широчина и 13 метри висина.