Македонско-хрватското друштво од Тетово започна нов проект

На прес-конференција во Тетово, Македонско-хрватското друштво го претстави својот најнов проект насловен: “Застапничка кампања за лобирање за започнување на преговори за членство во Европска Унија и членство во НАТО алијансата”.

Проектот предвидува дружење, комуникација и дебати, дискусии, трибини и посета на Загреб.

Проектот е на локално и национално ниво. Ќе започне во Тетово, а потоа и во главните градови на Македонија и Хрватска, односно во Скопје и Загреб.

Јакнење на позицијата на Република Македонија во меѓународната заедница и унапредување на регионалната соработка и на добрососедските односи, како и унапредување на заштитата на човековите права се целите на кампањата која треба да биде спроведена за околу 8 месеци.

Партнер на проектот е Хрватскиот национален совет, а тој е поддржан од Генералниот секретаријат на Владата на Р.М. преку Одделението за соработка со невладини организации.

МХД Тетово ќе оддржи две јавни трибини во Тетово,  две во Скопје, од кои едната во ЕУ Инфо центар-Скопје, а и една во Загреб.

Марко Видачек, МОФ медиа/арт клуб Тетово