[Фото] Еколошка акција за чистење на дното на езерото Матка

Нуракчите на спелео-нуркачкиот клуб „Врело“ од Скопје, нуркачи од Охрид, Кавадарци и Битола успешно реализираа спуштање низ езерото Матка од подводната пештера Врело се до местото викано Широко езеро во лоцирање и означување на подводен одпад и негово понатамошно отстранување.

Акцијата ја реализираа нуркачи кои беа помогнати со повеќе  член логистички тим и два моторни чамци.

По успешно реализираниот прв чекор, како што најави Кире Ангелески, претседател на спелеонуркачкиот клуб – Врело, ќе започне чистењето на дното на езерото, во кое можат да се вклучат сите заинтересирани за заштита и зачувување на животната средина.

Ова е една од 10-те еко акции предвидени за ова лето, насловена: „За да не се срамиме пред нашите поколенија за загадените води и уништената природа“