Изложба на тематски стрип дела во Паркот на Франкофонијата

Во монтажната галерија во скопскиот Парк на Франкофонијата, во среда од 19 часот ќе биде отворена втората по ред изложба од проектот „Стрипот како креативна алатка во функција на граѓанскиот ангажман“.

Проектот го реализираат Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес и Центарот за современи уметности-Скопје.

На изложбата ќе бидат изложени нацртаните дела од одржаното „Училиште за креативен стрип ангажман“ што се одржа во село Нежилово, Велешко со цртачи од граѓански организации од Битола, Кратово, Струмица, Куманово, Горно Јаболчиште и Скопје.

Проектот е финансиран од програмата Цивика Мобилитас.