Приведени активисти кои започнале петиција за ослободување на приведените геј лица во Чеченија

Петмина активисти за геј права биле приведени во Москва, додека се обидувале да достават петиција до генералниот извршител на Русија. Петицијата била за ослободување на хомосексуалците кои се затворени во кампови во Чеченија. Од нив,  четворица се Руси а еден италијански државјанин, јави руската служба на ББЦ.

Полицијата вели дека активистите биле однесени во притвор бидејќи нивните активности „не биле авторизирани“. „Повеќе од два милиони луѓе од сите страни на светот, што е повеќе од целата популација на Чеченската република“, велат од руската ЛГБТ Мрежа.

Властите на Чеченија одрекуваат дека геј лица воопшто постојат во републиката.

Минатата недела, рускиот претседател Владимир Путин поддржа отворање на одлука за наводниот прогон на геј лицата во републиката која се наоѓа во Северен Кавказ.

На почетокот на месецов, германската канцеларка Ангела Меркел апелираше до руските власти да помогнат во заштита на правата на ЛГБТ лицата.

Во петицијата се вели дека бараат „непристрасна истрага на нелегалните приведувања на стотици луѓе во Чеченија, поради нивната хомосексуалност“.

Чеченскиот лидер, Рамзан Кадиров, минатата недела рече дека е подготвен да соработува со руските федерални власти на проблемот. Сепак, повторува дека нема „луѓе со нетрадиционална ориентација“ во претежно муслиманската република.

Чеченските официјалци исто така велат дека локалната полиција не добила никакви официјални поплаки од наводните жртви.