Ново рочиште против Демири за учество во протестите против аболицијата на Иванов

Од Левица соопштуваат дека денеска, од 12 часот, закажано e ново рочиште за судскиот просец против нивниот член Мариглен Демири поради учество на минатогодишните протести, кога претседателот Ѓорге Иванов одлучи да аболицира 56 лица, главно поврзани со случаите од прислушуваните разговори.

„Според сознанијата кои ги имаме од одбраната, обвинителството ќе ги презентира видео доказите со кои органите на прогонот се стекнаа преземајќи ги од интернет порталите“, велат од Левица.

Освен Демири, велат од партијата, од Левица на забот на хајката се наоѓа и Здравко Савески, коj минатата година повеќе од два месеци беше во куќен притвор, како мерка за обезбедување на присуство.

„За разлика од минатата година, оваа година, после насилното влегување во Собранието на Република Македонија, претепувањето на пратеници и демолирањето на Собранието, обвинителството и органите на прогонот не се толку ажурни“, потенцираат од партијата.