[Галерија] Уметница ги заменува билбордите со пејзажите кои ги блокираат

Долината Коачела, заедно со нејзините билборди, моментално доживува промена на изгледот поради Desert X уметничкиот фестивал на отворено. Визуелната уметница Џенифер Боланде, за таа цел започнала амбициозен проект со кој билбордите во околината ги заменува со фотографии од планинските пејсажи кои ги блокирале, истовремено праќајќи значајна социјална порака.

Visible Distance / Second Sight (Видлива далечина / Втор поглед), како што гласи името на проектот, има „исчезнувачки“ билборди кои се дизајнирани на таков начин за да бидат видени од автомобил во движење. Кога ќе им се пристапи од правиот агол, сликите се поклопуваат и совршено се вклопуваат со окоолината.

Целта на фестивалот Desert X е да охрабри повторно поврзување на уметноста со околината. Проектот на Џенифер Боланде го оттргнува фокусот од комерцијалниот маркетинг, наместо тоа потенцирајќи ја природната убавина на долината Коачела.