Работилница за подготовка на предлог проекти на Фонд за иновации и технолошки развој

Фондот за иновации и технолошки развој отвори апликации за дводневна практична работилница со цел подобра подготовка на предлог проекти. Работилницата е наменета за претпријатија кои што веќе имаат подготвено нацрт проект за инструментите: кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва старт-ап и спин-оф и кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации.

Работилницата ќе се одржи во Хотел Инекс Горица на 8 и 9 април и ќе биде дел од петтото издание на Codefest.

Бидејќи местата се ограничени, право на учество ќе имаат првите 20 претпријатија кои што пред почетокот на работилницата ќе имаат изготвено нацрт проект. Аплицирањето е едноставно, треба да се пополнат само основни информации на следниот линк, заклучно со 22.03.2017.

Деталната агенда за работилницата ќе биде објавена откако ќе заврши периодот за аплицирање.

Целта на работилницата е Фондот за иновации и технолошки развој да даде поддршка во  градење капацитети на бизнис заедницата за  изработка на предлог проекти. Фондот за иновации и технолошки развој не гарантира дека учесниците на работилницата дека ќе добијат и финансиска поддршка.