Промоција на книга за Шопен од македонската пијанистка Стојанова

Промоција на книгата „Фредерик Шопен поетот на музиката“, на македонската пијанистка Даница Стојанова, ќе се одржи на 9-ти март, во 19:30 часот, во клубот на Младинскиот културен центар.

„Книгата е наменета за сите млади уметници кои го изучуваат пијаното, но е напишана така да биде достапна и за широката популација, за сите вљубеници во најубавата уметност – музиката“, вели Стојанова, авторот на книгата.

Книгата е во издание на Друштвото за издавачка дејност „Паблишер“, а е поддржана од Министерството за култура.

„Музиката на Фредерик Шопен е мост што ја поврзува Полска со светот, а сите нас не облагородува со своето богатство со кое бесконечно не задолжи“, додаваат организаторите на настанот.