Неколку илјади Романци, синоќа се собрале пред зградата Владата и го формирале знамето на Европската Унија, на 27-от ден анти-владини протести. Граѓаните имаа беџеви на кои пишуваше „Отпор“, додека извикувале „Оставка!“ и „Крадци“.
Иако со намалена излезност, Романците учествуваат во ноќните протести секојдневно скоро еден месец. Револтот кај граѓаните беше предизвикан од законските измени кои ги наметна власта, кои ги укинуваат казните за одредени неправилности и корупција кај функционери. Граѓаните тоа го карактеризираа како обид да се заштитат корумпираните политичари. Законот беше повлечен, но протестите се претворија во барање оставка од владата на премиерот Сорин Гриндеану.
На 5-ти февруари, на најмасовниот собир, протестираа половина милион демонстранти според некои проценки. Тоа беше најголемиот протест од падот на комунистичкиот лидер Николае Чаушеску во 1989 година.