Тим научници свесно ќе замрзне истражувачки брод и ќе го остави да лебди во близина на Северниот пол, во досега најголемата истражувачка експедиција на Арктикот.
Планот е да се истражи Арктикот најдетално што може, со цел подобро да разбереме што точно ги причинува драматичните климатски промени кои се случија во регионот во изминатите години.
Бродот долг 120 метри кој го носи името Поларстерн, ќе „заплови“ во летото 2019, а потоа ќе ја помине целата година на патување долго 2414 километри, додека се движи на лебдечкиот мраз низ Арктикот. Ова е заеднички проект на повеќе од 50 институции од 14 различни земји. Истражувачите ќе постават кампови и ќе ја започнат експедицијата од бродот кон морскиот мраз, за да земаат мерки и да соберат податоци кои досега не било возможно да се соберат.
„Намалувањето на арктичкиот мраз е побрзо од тоа што можат да го произведат постоечките климатски модели. Ни требаат подобри климатски модели за да направиме подобри предвидувања за иднината“, вели ко-водачот на екпедицијата, професорот Маркус Рекс.
„Постои потенцијал дека за неколку децении Арктикот ќе нема воопшто мраз преку лето. Тоа би бил поразличен свет и ние треба да го знаеме тоа однапред. Треба да знаеме се што би можело да се случи“, додава тој.