Лицата со хендикеп имаат право на работа и вработување, иако честопати се исклучени од пазарот на трудот. Причината за исклучување најчесто е поврзана со непристапност на работното место, предрасуди, немање на можности за прилагодување на постоечките искуства и знаења на пазарот на трудот со што лицата со хендикеп се и социјално исклучени.
Ова беа појдовните точки на денешната конференција „Човековите права на лицата со хендикеп и начините за остварување на еднакви можности“. Со конференцијата и официјално беше најавен почетокот на проектот „Пилот акција за пристап кон правата на работа на лицата со хендикеп“ кој ќе го реализираат партнер организациите Здружение ЛИНК, Мостар Босна и Херцеговина и Полио Плус – движење против хендикеп, Македонија.
Цел на проектот e да се придонесе за вклучување на лицата со хендикеп при вработување и самовработување во Република Македонија.
Инаку, проектот е финасиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, а временскиот период на имплементација е 12 месеци.