Јејл именува еден свој факултет во чест на жена научник

Еден од најпрестижните универзитети во Америка го менува името на еден свој факултет во име на Грејс Мари Хопер, математичарка, пионер во компјутерското програмирање и адмирал на Морнарицата.

Досега, факултетот го носел името на генерал од Граѓанската војна, расист и придржувач на „теоријата за супериорноста на белата раса“, Џон Ц. Калхун. После години дебата, од универзитетот решиле дека Калхун Колеџот не смее повеќе да го носи името на нивниот алумнист од 19-тиот век кој се борел против укинувањето на ропството. Наместо тоа, решиле да ѝ оддадат чест на Грејс Хопер, која студирала на Јејл во 1930-тите. Како една од ретките жени во компјутерските науки, напишала еден од првите програмски јазици и станала адмирал на Морнарицата. Починала во 1992 година.

„Имаме строго правило против преименување на зградите на овој кампус“, изјави претседателот на универзитетот, Питер Саловеј.

„Бев загрижен цело време и се уште сум загрижен што не треба да правиме нешта кои ја бришат историјата. Затоа, новите имиња ќе бидат исклучителни“, додава.