По Трајановски, граѓани утре ќе одат на #ПрвоКафеКајЖерновски за загадувањето

„Бевме на #ПрвоКафеКајКоце за загадувањето. Трајановски не викна неколкумина на получасовен разговор. На средбата отидовме јас, Миша Поповиќ, Александра Теменугова и Александар Донев. Се каравме, малку предлагавме мерки, многу не се согласувавме“, информира преку Фејсбук скопјанецот Јане Димески, кој вчера повлече иницијатива и повика и други граѓани да му се приклучат на протест пред канцелариите на скопскиот градоначалник Коце Трајанвоски.

Револтирани од состојбата со загадувањето и индиференоста на институциите за овој горлив проблем, иницијативата утре ќе продолжи и кај градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

„Утре во 9 часот сабајле пред Општина Центар правиме #ПрвоКафеКајЖерновски, па така кај сите други градоначалници во Скопје за да го пренесеме револтот од состојбата и да побараме конечно некаква стратегија и да почнеме да го решаваме прашањето како граѓани, наместо да живееме како средновековни закрепостени селани во некоја паланка“, вели Димески.

Б.Ш.