„Шилците против бездомници“ во Манчестер отстранети, граѓаните ги покривале со перници

Откако во центарот на Манчестер  се појавија „шилци против бездомници“, жителите на градот протестирале ставајќи меки предмети врз нив, по што биле отстранети.

Шилците беа поставени пред службена зграда во централниот дел на градот, каде често спиеле бездомници за да се засолнат од студот.

Но, жителите и членовите на Градскиот совет веднаш почнале да ги критикуваат шилците, а некои од нив ги покриле со душеци, перници и оставиле храна.

Џени Плет, жителка на Манчестер, заедно со своите синови, била една од луѓето кои помогнале во акцијата.

Портпаролот на Советот на Манчестер, Пет Карни, за локалните медиуми рекол дека разговарал со сопствениците на зградата.

„Разговарав со нив разумно во неделата вечерта. Сите знаеме дека има многу проблеми во градскиот центар, но единствениот начин на кој можеме да ги решиме е компаниите и Советот да работат со бездомниците и засолништата. Ова се многу големи проблеми, но треба заедно да се справуваме со нив“.

Веднаш после протестите, шилците биле отстранети.