Британски стартап користи вештачка интелигенција која компонира музика

Нова услуга за стримање на музика, Jukedeck, ќе користи вештачка интелигенција која ќе создава композиции со одредена должина, според расположението и темпото кое корисникот ги посакува.

Стартапот компoнира цели песни според конкретни барања уште од 2015 година.

Патрик Стобс и Ед Њутн-Рекс се основачите на стартапот, а идејата ја добиле додека студирале на Кембриџ. Тогаш Рекс ја посетил својата девојка на Харвард и присуствувал на предавање за компјутерска наука, па се уверил дека претпријатието е возможно да функционира.

На почетокот собрале 625 илјади фунти од Кембриџ Ентерпрајз и Фондот за иновации на Кембриџ.

Сега се откупени повеќе од 20 нивни песни за реклами, а биле изнајмени и да ја создадат музиката за видеата на британската гранка на Кока Кола.

Бидејќи чинат многу помалку од познат музичар кој би бил најмен за да напише песна, а и Jukedeck може да напише музика со одредена должина, тие се атрактивна алтернатива за филмска музика и музика за реклами.

Сепак, има ограничувања. Софтверот не е способен да пишува текстови, само инструментална музика, а се ограничени и само на неколку жанрови и расположенија.

Сепак, гледаат потенцијален развој.

„Снимената музика е брилијантна, но е статична. Ако играте игра, Ханс Цимер не седи со вас компонирајќи.

Мислам дека респонзивни системи како нашиот ќе бидат голем дел од музиката на иднината“, вели Њутн-Рекс.