Human Rights Watch: Порастот на популистичките лидери и се заканува на демократијата

Подемот на популистичките лидеи како Доналд Трамп, Владимир Путин и Марин Ле Пен претставува „опасна закана“ за човековите права, што може да охрабри глобални повреди на демократијата низ светот, предупреди Human Rights Watch во својот годишен извештај.

Обвинувајќи го новиот претседател на САД за кампања која ја разгоре омразата и нетолерантноста, групата ги издвојува и лидерите на Русија, Турција, Филипините и Кина, велејќи дека го наметнуваат својот авторитет наместо владеење на законот и влада која одговара за своите грешки.

„Овие трендови на промена на власта, поттикнати од пропагандни операции кои ги прекршуваат легалните стандарди и ги предизвикуваат законите и институциите кои промовираат достоинство, толеранција и еднаквост.

Извршниот директор на организацијата, Кенет Рот, вели дека „нова генерација“ на авторитарни популисти цели да го промени концептот на заштита на човековите права.

„Успешната кампања на Доналд Трамп за да стане претседател на САД беше живописна илустрација на оваа политика на нетолеранција“, пишува Рот во воведот на светскиот извештај на организацијата за 2016 година.

Во извештајот се споменуваат и Венецуела, каде владата е обвинувана дека започна воени и полициски рации кои доведоа до насилство и агресија, како и Етиопија и Руанда каде има „страдање предизвикано од владата“.