Поети ќе читаат проза во чест на Дејвид Боуви вечерва во „Концепт 37“

Под мотото „Не турска, не шпанска, туку… книжевна серија“ во организација на „СловоКулт – Литератур/а Берлин“ и „Арт Еквилибриум“ вечерва во „Концепт 37“ ќе се заокружат четирите сесии на кои поети читаа проза од современи германски, австриски и швајцарски автори.

Вечерашното поетско читање, ткн. меѓуепизода, ќе се одржи со почеток во 20 часот, со читање на избор на текстови од сите претходни сесии.

Покрај читањето фрагменти од романите на Томас Бернхард, Инго Шулце и други автори во превод од германски јазик на Елизабета Линднер, а во издание на „Блесок“, ќе бидат одбележани и 70 години од раѓањето и една година од смртта на поп-ѕвездата Дејвид Боуви.