Француски стартап се бори против загадувањето со мода – паметен шал штити од опасните честички

„Повеќе од нешто што се носи со стил, овие марами се дизајнирани за да ги заштитат луѓето од денешните закани од загадувањето“, стои во описот на стартапот на француската компанија „Wair“.

Тие преку онлајн кампања за собирање средства промовираат спој на модерното и технологијата, така што во паметниот шал „Wair“ има вградена респираторна маска, односно филтри што спречуваат навлегување на штетните честички во организмот на човекот.

Респираторната маска испраќа информации до апликацијата на паметниот телефон кога сопственикот да ја стави маската сокриена под шалот.

Компанијата планира да го пушти шалот во продажба во текот на оваа година.

„Ова е спој на мода и системите за филтрирање на воздухот, како и апликациите за превенција од вдишување на загадениот воздух“, вели Каролин Ван Рентгерм, основачката на компанијата.

Според неа, нивниот модел не делува толку застрашувачки како класичните маски.

Маската треба да се полни преку микроУСБ порт како паметен телефон, а шалот може да се пере како и секое друго парче облека. Апликацијата на смартфонот ќе ги потсетува корисниците кога треба да се смени филтерот.