Од Град Скопје соопштуваат дека од утре (1-ви јануари), за користење на јавниот градски превоз ќе биде задолжителна електронска картичка со запишан билет или надополнет паричник. Системот ќе почне да важи и за приватните превозници.
„Со влегувањето во сила на Интегрираниот Тарифен Систем, Градот Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат 5 гратис возења“, информираат од Град Скопје.
Од ЈСП Скопје информираат дека на првиот ден од новата 2017-та година автобуските линии ќе почнат со работа подоцна за разлика од обичните празници, заради намалената потреба од патувања. На нивниот веб-сајт можете да се информирате за точното време од кое утре почнуваат да се движат автобусите од јавниот превоз. ЈСП Скопје информира и за дежурните билетарници и нивното работно време на 1-ви и 2-ри јануари.