Индија ќе потроши 530 милиони долари на статуа, граѓаните потпишуваат петиција против тоа

Во текот на изминатиот викенд, индискиот премиер Нарендра Моди присуствуваше во Мумбаи на поставување на темелот на статуа на Чатрапати Шиваџи. Меморијалниот споменик на владетелот на империјата Марата од 16-ти век се проценува дека ќе чини околу 530 милиони.

Статуата, која ќе се гради на брегот на Арапското Море, ќе биде висока 192 метри, а со тоа ќе стане највисоката статуа на светот.

За споредба, Статуата на слободата е висока 93 метри. Моменталната највисока статуа на светот, Лајкијин Сеткијар на Буда, се наоѓа во Мјанмар, а е висока 115,8 метри. Другите две највисоки статуи се исто така посветени на Буда – една во Кина и една во Јапонија.

Индија моментално гради и споменик во чест на Сардар Валабхаи Пател, првиот вице премиер на земјата. Ќе биде висок 182 метри, а ќини 438 милиони долари. проектот ќе трае четири години, а се очекува да заврши до крајот на 2018.

Многумина се незадоволни со владиното трошење на споменици, велејќи дека наместо тоа владата треба да ги одреди тие пари за нешто самоодржливо, што ќе им помогне и на многуте сиромашни граѓани на Индија.

Повеќе од 30 илјади потпишале петиција во надеж дека ќе ја спречат владата од „бесцелно трошење“ на парите.

„Ова се пари од даноци и сигурни сме дека сите овие пари можат да бидат потрошени на нешто подобро – образование, инфраструктура, храна… Се освен статуа која нема да му користин никому“, пишува во петицијата.

„Ова не е нешто што Шиваџи би го сакал и сигурни сме дека има други начини да му придадеме чест. Настрана од трошењето пари, оваа статуа е и ужасна за околината, за состојбата со сообраќајот во Јужен Бомбај и безбедносен кошмар“, додаваат граѓаните.