Градоначалниците од Скопје утре се среќаваат за загадениот воздух, во среда граѓаните најавија протест

Скопските градоначалници утре напладне ќе се сретнат за да разговараат за загадувањето на амбиенталниот воздух во скопскиот регион, соопштија  од кабинетот на градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Состанокот ќе се одржи во просториите на Градот Скопје. во Градскиот парк.

Во среда, пак, скопјани најавија протест со кој уште еднаш ќе побараат конкретни мерки од институциите: воведување пар-непар возење, забрана за движење на возила кои се без катализатори за издувни гасови, бесплатен градски превоз цела зима, зголемен број на инспекции, обезбедување на бесплатен огрев за граѓаните кои се греат на гуми како и привремена забрана за работа на сите индустриските капацитети.

Протестот ќе започне кај Фонтаната во Градскиот парк во 17 часот, по што граѓаните ќе се упатат кон канцелариите на Град Скопје, за на крај да пристигнат пред Влада и своите барања да му ги достават и на премиерот, до кој претходно испратиле барање за остварување на средба.