70-годишната Ирмела ги покрива неонацистичките графити во Берлин со срциња

70-годишна баба во Берлин ги покрива неонацистичките и расистичките графити низ Берлин со срциња.

Ирмела Шрам се бори со расистички пораки во нејзиното соседство во изминативе 30 години, опишувајќи се себеси како „политички чистач“.

Таа во изјава за Си Ен Ен вели:„ Навистина сум загрижена за оваа пропаганда со говор на омраза и сакам да ја сопрам.

„Јас не сакам да чекам некој друг да направи нешто за тоа“.

Таа вели дека била инспирирана да ја започни нејзината мисија долга неколку децении откако нашла графит кај локална автобуска станица што го поддржувал криминалот на Адолф Хитлер.

Враќајќи се кон својот дом таа била толку згрозена што решила да се врати и да го пречкрта.

„Луѓето ми велат дека не сум толерантна, дека не ја почитувам слободата на изразување на десничарите. Но, јас велам – слободата на говор има граници. Таа запира кога омразата и непочитувањето кон луѓето почнуваат“.