Фотографии покажуваат во што се претвори Алепо поради петгодишната војна

Договорот за примирје во Алепо што синоќа го постигнаа Русија и Турција, а требаше да стапи на сила утрово, не се испочитува. Сириската опсерваторија за човекови права потврди дека во Алепо се уште има судири, а државната телевизија јави дека продолжува да расте бројот на загинати при ракетни напади.

Но, пред пет години, улиците на Алепо не биле преплавени со куршуми и немало разурнати болници и хотели. Во продолжение, погледнете неколку фотографии кои покажуваат како изгледал овој град пред војната.