Легализација на марихуаната ќе доведе до ренесанса на нашето земјоделството, до ренесанса во туризмот, и мислам дека многумина би биле посреќни, изјави денеска пратеникот Иван Пернар во хрватскиот парламент, пренесува Индекс.
Ако Хрватска го легализира канабисот, вели Пернар, таа ќе стане престолнина на туризмот, како и Холандија. „Ако младите луѓе се двоумат дали да се иселат, верувам дека тогаш многумина би рекле дека постои барем една причини зошто би останале“, рече Пернар.
„Замислете одите на суд бидејќи сте имале еден џоинт. Пред некој ден бев со група млади луѓе кои пушеа марихуана. И тие се ‘тресат’ ако полицијата ги фати. Им реков, па колку милиони се испокрадоа од оваа земја”, рече Пернар пред своите колеги пратеници, со цел да ги запознае со проблемите на младите луѓе во Хрватска.
Пернар потенцира дека е првенствено претставник на помладата генерација, а младите сакаат да се легализира марихуаната. „Поради тоа што ја консумираат, младите се изложени на политички прогон, бидејќи политиката е таа која одлучува дали марихуана е легална или не“.
„Излишно е да се зборува за лековитите ефекти на канабисот. На пример, маслото лечи рак, но исто така може да се користи во текстилната индустрија“, вели Пернар. „Марихуаната треба се произведува во Хрватска и да се консумира за мала цена”, констатира хрватскиот пратеник.