Двете водечки партии ВМРО-ДПМЕН и СДСМ со коалициите по бројот на освоени гласови се преблиску една до друга и оваа разлика, во зависност од маргината на грешка, влијае на тоа кој ќе освои најмногу мандати. Тие се премногу еден до друг, односно „too close to call“. Ова е прв пат во Македонија. Ние сме премногу сериозни како организација со волку блиски резултати да проектираме мандати, рекоа од Граѓанската асоцијација МОСТ на својата прес-конференција, по повеќе од шест часа откако беа затворени избирачките кутии на предвремените парламентарни избори.
Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно пребројување на гласовите), која претставува математичко-статистичка научна метода, одѕивот на гласачите по изборни единици е следниот: ИЕ 1 – 73,85%, ИЕ 2 – 66,00%, ИЕ 3 – 73,00%, ИЕ 4 – 75,33%, ИЕ 5 – 63,62% и ИЕ 6 – 51,38%..
И додека двете најголеми партии и нивните лидери прогласија победа, и славеа во ноќта, МОСТ ја повика јавноста на трпение се додека ДИК не ги објави првичните резултати од изборите. МОСТ денешното гласање со повеќе од 3.000 набљудувачи, а потенцираа дека и понатаму внимателно ќе ја следи работата на ДИК во наредниот период и ќе ја известува јавноста за сите активности.
Според МОСТ, a со обработените податоци од ПВТ примерокот, резултатите по изборни единици се следни:
Изборна единица 1 – максимална маргина на грешка 1.6%
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 34.5%
ДПА – 2.1%
ДУИ – 6.1%
Коалиција СДСМ – 44.1%
Коалиција за промени и правда – 1.8%
Алијанса за Албанците – 1.7%
Либерална партија – 0.6%
Коалиција ВМРО за Македонија – 1.8%
Беса – 5.2%
Левица – 2.2%
Изборна единица 2 – максимална маргина на грешка 1.8%
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 36.2%
ДПА – 3.2%
ДУИ – 9.6%
Коалиција СДСМ – 34. 7%
Коалиција за промени и правда – 1.1%
Алијанса за Албанците – 3.3%
Либерална партија – 0.4%
Коалиција ВМРО за Македонија – 1.8%
Беса – 8.4%
Левица – 1.2%
Изборна единица 3 – максимална маргина на грешка 0.8%
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 53.4%
ДПА – 0.5%
ДУИ – 0.7%
Коалиција СДСМ – 40%
Коалиција за промени и правда – 0.7%
Либерална партија – 0.4%
Коалиција ВМРО за Македонија – 3.5%
Левица – 0.9%
Изборна единица 4 – максимална маргина на грешка 0.7%
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 49.4%
ДУИ – 0.3%
Коалиција СДСМ – 46.3%
Коалиција за промени и правда – 0.9%
Либерална партија – 0.3%
Коалиција ВМРО за Македонија – 2.3%
Левица – 0.6%
Изборна единица 5 – максимална маргина на грешка 1.3%
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 40.7%
ДПА – 1.6%
ДУИ – 6.9%
Коалиција СДСМ – 39.2%
Коалиција за промени и правда – 0.7%
Алијанса за Албанците – 4.1%
Либерална партија – 0.3%
Коалиција ВМРО за Македонија – 2.9%
Беса – 2.5%
Левица – 1.1%
Изборна единица 6 – максимална маргина на грешка 1.5%
Коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 17.5%
ДПА – 10.3%
ДУИ – 26.5%
Коалиција СДСМ – 16.6%
Коалиција за промени и правда – 0.2%
ПДП – 0.8%
Алијанса за Албанците – 11.6%
Коалиција ВМРО за Македонија – 0.5%
Беса – 16%