Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос ја прими Нобеловата награда за мир

Претседателот на Колумбија, Хуан Мануел Сантос денеска ја прими Нобеловата награда за мир која на свечена церемонија му беше врачена во Осло.

Наградата му е доделена бидејќи Сантос и бунтовниците од Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК) потпишаа мировен договор за ставање крај на повеќедецениските борби.

Со тоа беше завршена 52 години долгата граѓанска војна во Колумбија во која загинаа 200.000 лица.

„За нас крајот на војната до неодамна беше само сон. Малкумина се сеќаваат како е да се живее во мирно општество. Војната која ја уништи нашата држава, заврши“, изјави Сантос.

На колумбискиот претседател му беше врачен златен медал, диплома и парична награда од 870.000 долари.

Припадниците на ФАРК на церемонијата во Осло беа претставувани од шпански адвокат кој бил главен пеговарач од нивната страна.

Мета