Снепчет е најпопуларна апликација за 2016 година, според Епл

Од постоечките две милиони апликации достапни на виртуелната продавница на Епл, компанијата ги издвои 20-те најпопуларни за 2016 година.

На врвот на листата е бесплатната апликација Снепчет, на второ место се најде Фејсбук Месинџер, а третото место припадна на Покемон Гоу.

Во текот на 2016 година, Снепчет и Месинџер имаа значајни промени и ажурирања на нивните опции и услуги, додека Покемон Гоу преку ноќ стана хит откако беше лансирана во јули, иако интересот за играта полека oпаѓа.

Покрај овие апликации, на листата на Епл за најпопуларни бесплатни апликации се најдоа и Инстаграм, Фејсбук, Јутјуб, Мапите на Гугл, Пандора, Нетфликс и Спотифај.