Германските муслимани реагираат против забраната за носење бурки

Барањето на германската канцеларка Ангела Меркел за забрана за целосно покривање на лицето со традиционалната мислиманска бурка, која ја носат жените од исламската религија, денеска наиде на критики од повеќе асоцијации на муслиманите.

Предлогот на Меркел е забраната за носење бурки да биде преточена во закон, за кој ќе расправа германската Влада уште во текот на овој месец. Но, според Бурхан Кесиџи, генерален секретар на Германскиот исламски совет, Владата треба внимателно да ги анализира сличните потези во Франција и да се запраша дали едностраниот чекор ќе води до тоа жените да се чувствуаат повеќе исклучени од општеството, пренесува МИА.

Инаку, пред Германија, забрана за носење бурки воведоа и Франција, Холандија, Белгија, Бугарија и швајцарскиот кантон Тесин.