[Видео] Македонската ЛГБТ заедница допрва се бори за видливост

Македонската јавност сѐ уште мисли дека хомосексуалноста е болест, а властите не сакаат да воведат антидискриминациски закони. Општеството е затворено, а ЛГБТ популацијата нема никакви права.

Ова е мислењето на иницијативата „Diverse Voices“ која го покрена документарниот видеопроект (Не)Видливи, во кој учествува дел од ЛБГТ заедницата и нивните поддржувачи.

Станува збор за различни приказни – од откривањето на сопствената сексуалност до обелоденувањето на истата и интеграцијата во хомофобично општество какво што е македонското.

Проектот содржи четири кратки видеозаписи, а досега се снимени три, достапни за прегледување.