Фотографот Олафур Гестсон присуствувал на јавно собрание во данскиот град Калундборг, на кое се разговарало за можноста да се гради бегалски центар.
Гестсон на тој настан ја направил фотографијата за која бил награден со Наградата за исклучителност на наградите за Студентска фотографија на годината. Вели дека атмосферата на настанот била непријателска и забележал голема поделба меѓу оние кои сметале дека треба да се изгради центарот за азиланти, и оние кои биле против тоа.
„Ја видов оваа девојка како стои сама, оддалечена од останатите од групата. Може и таа да е Данка, а можеби и некои од луѓето лево да сакаат да се гради центарот за азиланти. Но, симболот на вечерта беше пред моите очи, и знаев дека треба веднаш да ја направам фотографијата“, вели Гестсон.
Вели дека фотографијата симболизира многу повеќе од моменталната ситуација во Данска.
„За мене, ја прикажува растечката ксенофобија и поделбата на „ние и тие“, за која јас лично сметам дека е сѐ почеста во Данска“, смета фотографот.