Понекогаш звукот може да покаже повеќе од зборовите или сликите, објаснува британскиот Гардијан кој ги претвори 150-те години глобално затоплување во музика.
„Вака би звучело глобалното затоплување доколку беше симфонија“, стои во најавата на видеото, посочувајќи дека музиката започнува од 1880-та, кога температурите биле под 14 степени, па трае се до 2016 година, која се предвидува дека ќе биде регистрирана како најтопла во историјата.
Како растат светските температури, така расте и висината на нотата, а колку е повисока нотата – толку е поголема количината на јаглерод во воздухот.