[Галерија] Шишиња за вино со кратка приказна место етикета

Италијанската винарија Матео Кореџа и агенцијата за дизајн Reverse Innovation ја создале линијата на вина Librottiglia (кованица од италијанските зборови libro и bottiglia, односно книга и шишe), кои место етикета имаат прикачено книга со кратка приказна на шишето.

Секое шише од линијата Librottiglia има кратка приказна, која се совпаѓа со самото вино. Приказната „Жаба во стомакот“ од Патриција Лакидара е интеригантно дело кое „се служи“ заедно со црвеното вино Антос, „Те сакам, заборави ме“ на Реџина Маркес е етикетата на црвеното Небиоло Роеро, а „Убиство“ од новинарот и сатиричар Данило Занели се совпаѓа со свежиот и лесен вкус на белото Роеро Арнеис.

Моментално, кратките приказни на шишиња од 375 милилитри се достапни само на италијански, но компанијата планира наскоро да ги пушти во продажба и со приказни на англиски јазик.

wine-bottle-reading-book-labels-librottiglia-3