Целата површина на Дебарско Езеро е покриена со пластични шишиња и отпад, покажуваат фотографиите што ги испратил активистот за заштита на животната средина, Гоце Љубиноски, до редакцијата на „Мета“.
„Фотографијата од загаденоста на Дебарско Езеро е направена денеска. Утре ќе имаме состанок во нашето друштво, а во наредните денови за ова ќе реагираме до надлежните институции“, вели Љубиноски за новинската агенција, мислејќи на вчера.
Тој е активист во невладината организација за заштита на животната средина „Центар за одржлив развој на заедницата – Дебар“, која досега спрoвела неколку акции против изградба на хидроенергетски проекти во националниот парк „Маврово“.