Повик за средношколци за учество во фокус групи

Здружение Лидери за едукација, активизам и развој Скопје и Фондација Конрад Аденауер во месец октомри започнаа со спроведување на истражување кое има за цел да го измери учеството на средношколците од Македонија во процесите на носење одлуки во рамки на нивните училишта на национално ниво.

Со цел да се истражат мислењата и ставовите на учениците во однос на нивното учество во ваквите процеси, ќе бидат спроведени фокус групи во секој од 8-те статистичките региони, со следниов опфат на средношколци:

  • 50 во Скопскиот регион
  • 10 во Вардарски регион
  • 11 во Источен регион
  • 21 во Југозападен регион
  • 11 во Југоисточен регион
  • 20 во Пелагониски регион
  • 19 во Полошки регион
  • 10 во Североисточен регион

За таа цел, отвораме повик за учество за 152 средношколци од осумте региони, од сите 4 студиски години.

Повикот е отворен за сите средношколци кои се редовно вклучени во средношколскиот образовен процес.

Фокус групите ќе се одржат во текот на месец ноември, а датумите ќе бидат дополнително објавени. Секоја фокус група ќе биде во времетраење од 2 часа.

Избраните учесници на фокус групите ќе добијат соодветен финансиски надомест.

Пријавете се за учество со пополнување на АПЛИКАЦИСКАТА ФОРМА.

Рокот за пријавување за учество во фокус групите е 05.11.2016 година до 23:59 часот.

Ќе бидат известени само учениците кои ќе бидат одбрани за учество.