Шкотската влада предлага втор референдум за независност

Шкотската влада ќе објави предлог закон за втор референдум за одделување од Велика Британија наредната недела, објави првата министерка на Шкотска, Никола Стурџон.

Шкотската политичарка го најави можниот референдум на конференција на нејзината партија во Глазгов, каде делегатите ја поздравиле со стоечка овација.

Лидерката на Шкотската национална партија  вели дека нејзината партија ќе ја води битката против плановите на Конзервативците за „тежок Брегзит“, напаѓајќи ја десничарската влада во Вестминстер.

Стурџон претходно изјави дека напуштањето на ЕУ од страна на Британија може да биде едно од најголемите причини за одржување на втор референдум.

Шкотска гласаше да остане во Европската унија со голема маргина, но Британија сега треба да ја напушти унијата поради севкупниот резултат.