Холандската влада предложи закон со кој би станало легално асистираното самоубиство, за луѓе кои чувствуваат дека „го оствариле својот живот“, но не патат од било каква болест.
Холандија беше прва држава која ја легализираше евтаназијата во 2002 година, но само за пациенти за кои се смета дека патат од неподнослива болка, без надеж дека за нив ќе се најде лек.
Но, во писмо до парламентот во средата, министрите за здравје и правда изјавиле дека „на луѓето кои имаат мислење дека нивниот живот е комплетен, мора, под строги и претпазливи критериуми, да им биде дозволено да го завршат тој живот на начин кој за нив е достоинствен“.
Предлогот веројатно ќе ги провоцира критичарите, кои велат дека холандските закони за евтаназија веќе се проширени повеќе од оригиналните граници, бидејќи „неподнослива болка“ не важи само за луѓето со смртна болест, туку и за луѓе со ментална болест или деменција.
Законот за евтаназија е многу поддржувано во холандското општество, а случаите на убиство со асистенција растат секоја година. Расте и бројот на доктори кои се волни да извршат евтаназија.
Деталите за законот треба да бидат штотуку разјаснети, а не е позната ни минимална возраст за барател на ваков вид евтаназија.