Документарните филмови за Вања Лазарова и Џеф Бакли за затворање на Скопје синема сити

Животните приказни за Вања Лазарова и Џеф Бакли вечерва ќе го затворат второто издание на Фестивалот за музички доментарни филмови Скопје синема сити.

Проекциите ќе започнат во 17 часот, во Кинотека на Македонија, со документарниот филм „Рок енд рол бенд – тапанарот“ во продукција на Би-би-си. Потоа, во 18 часот ќе се прикажува документарниот филм за Вања Лазарова „Со маки сум се родила“, по што следуваат краткиот филм „Акт“ во режија на Ацо Станкоски во 18:45 часот и „Современа класична авангардна музика – Во океанот“ од 19 часот.

Во 20 часот, ќе се одржи проекцијата за музичката легенда „Џеф Бакли – сите тука те посакуваат“, а на крај, со почеток во 21 часот ќе се прикажува „Засолниште – Лиза Жерар“.

Вчера на програмата беа краткометражниот филм за Дејвид Силвиан, „Дали белците умеат да го свират блузот“, „Роберт Плант: Јас самиот“, како и филмовите за Влатко Стефановски и Сецко. Промовирана беше и книгата „Музика и муабети“ на Ненад Георгиевски, уметничкиот директор на фестивалот.