[Видео] „Што изгубив за слободата?“ – дискусија со активистки на Шарена револуција

Јасмина Дуриќ и Елена Николовска вечерва ќе ги раскажат своите приказни за тоа како  борејќи се за слобода и за подобро утре, го загубиле своето работно место. Тие биле санкционирани поради учеството на протестите на Шарената револуција. 

„Три млади девојки не се партиски војничиња. Три млади девојки се борци за слобода. Три млади девојки, денес се без своето работно место, префрлени се на пониска работна позиција и секојдневно, нивните претпоставени им вршат мобинг, прогон, местенки и изживувања. Тие се лидери кои се борат нашата земја да стане подобро место за живеење“, стои во описот на настанот.

На настанот беше најавено присуството и на Ели Хаџистојанова.

Дискусијата започнува во 19:30 часот, а оние кои не можат да ја следат во живо, тоа може да го направат преку видеопреносот на Радио МОФ:

Како што најавуваат организаторите, ќе следат уште два настана, од кои едниот е посветен на граѓанските активисти кои поради својот ангажман биле приведени, уапсени или биле во домашен притвор, како и културни работници, кои не добиле средства, простор за изразување, поради нивниот активизам.