Британија ќе гради ѕид во Кале за да ги спречи бегалците да влегуваат во државата

Ѕид висок четири метри ќе се протега долж еден километар во Кале, со цел да ги спречи бегалците кои доаѓаат од Франција во Британија да го преминат каналот Ламанш, најави британската влада.

„Луѓе се уште поминуваат“, вели министерот за имиграција на Велика Британија, Роберт Гудвил. „Прво поставивме ограда, а сега ќе градиме и ѕид“.

Четири метри високата бариера е дизајнирана за да ги спречува бегалците да се качуваат во камиони и други возила на автопатот, во обид да влезат во Велика Британија.

„Обезбедувањето кое го поставуваме на пристаништето ќе биде збогатено со подобра опрема. Ќе почнеме да го градиме овој нов ѕид наскоро, кога ќе биде одобрен буџетот од 17 милиони фунти заедно со Французите“, додава Гудвил.