Конференција за социјални иновации 2016

Десет лични приказни, панел дискусија, саем на социјални претпријатија и 300 гости ќе ја одбележат годинашната Конференција за социјални иновации, која е закажана за петти септември, во кино Фросина, Младински културен центар.

На конференцијата  ќе зборуваат основачи и директори на социјални иновации/бизниси во Австрија, Германија, Романија, Словенија, Полска, Србија и Македонија во форма на TEDx говори во траење од 10-12 минути.

Притоа, ќе се одржи панел дискусија на тема „Преку иновација до влијание во општеството: Вмрежување и прибирање средства за социјален бизнис“

Конференцијата е јавна, но бидејќи салата има капацитет за 300 гости во публика, 150 седишта ќе бидат достапни преку слободна регистрација. По регистрацијата се добива билет во електронски формат, кој ќе треба да се испечати и заедно со документ за идентификација се приложува на пунктот за регистрација на денот на конференцијата. Организаторите нагласуваат дека бидејќи местата се ограничени, предност ќе имаат оние кои ќе бидат побрзи. 

За време на настанот, ќе се одржи и промоцијата на новиот број на магазинот Лице в лице, кој ќе биде посветен на социјалното претприемништво.

Повеќе информации за говорниците и конференцијата се достапни на Фејсбук настанот.